СООПШТЕНИЕ - 17.10.2019 во 11:26





Преку инфо денови поблиску до граѓаните и потенцијалните инвеститори за искористување на средства од ИПАРД програмата

Заради поголема информираност околу можностите и начинот за аплицирање за добивање на средства од тековниот оглас за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ преку ИПАРД Програмата, ве информираме дека во наредниот период претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, МЗШВ, и Телото за управување со ИПАРД, ќе оддржат инфо денови во повеќе населени места. На следниот линк може да го погледнете распоредот на инфо деновите.



http://ipard.gov.mk/mk/info-denovi/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-o%d0%ba%d1%82%d0%be%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d0%b5%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8-2019/


Сите заинтересирани лица, на овие инфо денови ќе може да се информираат за сите детали околу потребната документација, можноста, односно, кои се прифатливи инвестиции преку Јавниот повик 01/2019 за мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ .
Оваа мерка овозможува инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани. Согласно програмата до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата.
Со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање на нови работни места во руралните средини со што ќе се намали депопулацијата во руралните подрачја, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемување на нивото на економската активност. Мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ овозможува да се развива најмоќниот дел на економијата а тоа се малите и средни претпријатија кои се силата на домашната економија.
Вкупно на располагање за реализација на инвестиции по оваа мерка се 16,6 милиони евра. Заинтересираните апликациите може да ги достават најдоцна до 18- ти ноември 2019 година.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu