СООПШТЕНИЕ - 25.10.2019 во 15:08



ИСПЛАТЕНИ 195 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ПРЕДАДЕНО МЛЕКО И ЗА ОРИЗОВА АРПА


Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати субвенциите за предадено млеко и за оризова арпа во вредност од вкупно 195 милиони денари.
Од вкупната сума 153,4 милиони денари легнаа на сметките на млекопроизводителите и 41,4 милиони денари на сметките на 1.130 оризопроизводители, за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, која се донесе поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа, нова дополнителна субвенција се поттикна договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, исткана дека како никогаш до сега парите се враќаат кон земјоделците. Посочи и дека по денешните исплати во наредниот период ќе следуваат и исплатите по останатите дополнителни мерки.

„Со средствата кои ги обезбедивме со ребалансот 915 милиони денари ќе бидат насочени за исплата на интервентните мерки и со тоа стигнуваме до сума од близу 7 милјарди денари кои ќе бидат исплатени за оваа година. За откупувачите на пченица ќе бидат исплатени 40 милиони денари. Исто така 288 милиони денари ќе се исплатат за обработлива површина за сите поледелци, градинари, лозаро – овоштари, за одгледувачите на добиток, а ќе бидат опфатени и производителите на семе и саден материјал. Откако ќе заврши постапката за пријавување на предадени јаболки во преработувачки капацитети ќе исплатиме 160 милиони денари. А планирани се и 40 милиони за заклани свињи заради превенција од болеста „Свинска африканска чума“- истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека до денеска има 72% реализација на планираниот буџет за 2019 година. Бабовски речи и дека за две ипол години исплатени се и средства по основ на заостанати наследени долгови од 2008 до 2017 – та година.

„Оваа Влада посветено работи на поттикнување и развој на земјоделството. Од први јуни 2017- та година до денеска имаме исплатено 314, 5 милиони евра по програмата за земјоделство и рурален развој вклучувајќи и исплата на средства по основ на наследени долгови од претходните години. Дека сме посветени на развој на агро секторот покажува и имплементацијата на ИПАРД програмата која во овој момент има рекордна искористеност на средства односно 37 %, односно склучени се 1017 договори со вкупна вредност од 29,5 милиони евра, завршени и исплатени се 710 проекти и кај нив се вратени 8,8 милиони евра. За разлика од сега во цел период на реализација на ИПАРД 1 искористеноста беше едвај 17 %. “- истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.
Со цел намалување на производните трошоци за прв пат беше воведена мерката „Зелена нафта“. Само преку оваа мерка кај земјоделците се враќаат над 200 милиони денари. До денеска е наточено горививо за земјоделска механизација во вредност од 71,6 милиони денари. Тоа се средства преку кои директно влијаеме на амортизација на производните трошоци на земјоделски култури.


Бабовски: Од први јуни 2017 година до денеска исплативме 314, 5 милиони евра за субвенции







Димковски: Исплатени 195 милиони денари за субвенции за предадено млеко и оризова арпа





 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu