СООПШТЕНИЕ - 14.11.2019 во 12:57





Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски учествува на 46- тата конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија


Вчера и денес, во Хелсинки, Република Финска, се оддржува 46- тата по ред „Конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија“. Македонската делегација ја предводи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој активно учествуваше и оствари повеќе неформални, билатерални средби кои се од клучно значење за Македонија на патот кон Европската унија.
28- те земји членки на ЕУ, на 46- тата директорска конференција заклучија дека сите земји кои се членки на Европската унија, како и кандидатите за членство во Унијата, вклучително и Македонија, во наредниот период ќе мора да имаат поголема меѓусебна соработка, се со цел, успешно спроведување на заедничката европска земјоделска политика.
„Поблиска и меѓусебна соработка помеѓу националните и руралните мрежи и Платежните Агенции. Поголема поддршка на руралниот развој и младите фармери преку разни развојни програми во сите региони од Европа, како и успешна примена и имплементација на „ ИАКС“ ( интегриран систем за административна контрола) кој е главен предизвик за целосна имплементација на заедничката земјоделска политика.“ – порача министерот за земјоделство на Финска, Јари Лепа.
Претставниците од Евроспката комисија порачаа дека Платежни агенции се од витално значење за спроведување на заедничката земјоделска политика, затоа сите заедно треба да си помагаат кон прилагодување на заедничката земјоделска политика и преку меѓусебна помош да влијаат и кон решавање на се поголемото климатско влијание врз земјоделството преку воведување на нови технологии.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, рече дека искуствата и помошта што Република Северна Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ е од огромно значење.
„ Владата, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, веќе ги спроведуваат дел од препораките дадени на конференцијата се со цел приближување на Република Северна Македонија до земјите кои веќе се дел од Европското семејство. Во таа насока, од огромно значење се размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии, модернизирање на производството и намалување на ризикот од климатските промени. Само со осовременување на земјоделството, приклучување на што поголем број на млади во секторот земјоделство, преку нови проекти, програми, нови технологии на производство агро секторот може да се развива и унапредува. “ – рече Бабовски.
Бабовски,оставари и повеќе неформални средби со директори на повеќе Платежни Агенции а со директорите на Платежните Агенции на Хрватска, и на Србија договори и меѓусебна посета и размена на искуства и вештини се со цел побрзо спроведување на заедничките земјоделски политики.
Освен директорот Бабовски, во македонската делегација беа и вработени од АФПЗРР, кои земаа активно учество во панел дискусиите за автоматизација на процесот на доделување на субвенции за земјоделците, подготвување на правната рамка за имплементација и прилагодување на македонското кон европското законодавство, имплементирање на „ ИАКС“ системот се со цел поедноставување и олеснување на исплатата на средства и унапредување на домашните фарми.
На неформалната конференцијата, освен директори на Платежните Агенции, учествуваа и претставници на Европскиот суд на ревизори, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ. Освен за земјоделство, на годинашнава конференција се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, Европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu