СООПШТЕНИЕ - 22.11.2019 во 13:02





Бабовски : Исплатени близу 98,3 милиони денари субвенции за сите регистрирани земјоделци


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 4.207 субјекти исплати околу 98,3 милиони денари за мерката „Дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.“
Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Овие корисници ќе добијат 20 % повисоки субвенции на вкупаната исплатена сума по основни субвенции од 2017- та година. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средствата за субвенции. Во еден ден, без селекција за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu