СООПШТЕНИЕ - 29.11.2019 во 15:35





Димковски и Бабовски во општина Кочани: Со капиталните инвестиции ќе се подобрат условите за живот во секоја општина и ќе се спречи миграцијата село-град


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев, присуствуваше на промоцијата на реализација на проектите за капитални инвестиции преку мерките наменети за општините од Програмата за руралниот развој.
Димковски и Бабовски ја посетија локацијата кадешто во моментов веќе се реализира едниот проект преку мерката „Инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување на села со регионален пат или со населено место-град во должина до 7км“, односно на местото во село Оризари, каде што се гради пат за поврзување со Кочани.Преку истата мерка се врши и изградба на локален пат од село Градче до град Кочани
Министерот Трајан Димковски изјави дека реализацијата на овие проекти значи многу за севкупен развој на инфраструктурата во Република Северна Македонија.
„Со ваквите инвестиции ќе се подобрат условите за живот, ќе се намали миграцијата од град кон село. Со ефикасно искористување на овие мерки ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните средини, ќе се обезбеди солидна урбана и транспортна инфраструктура во и надвор од руралните населени места, со единствена цел подобрување на условите за живот на граѓаните, што позитивно ќе влијае и врз развојот на регионалната економија“, изјави Димковски.
Директорот Бабовски посочи дека само овој грант за овој проект изнесува 15,4 милиони денари, следат уште 3 други проекти.
„Ваквите проекти се од витално значење за населението. Овој дел кадешто се наоѓаме денеска претходно беше само дупки и кал, а сите луѓе во Република Северна Македонија заслужуваат достоинствен живот и рамномерен регионален развој“- изјави директорот Бабовски.

Општина Кочани преку мерките од Програмата за рурален развој конкурираше со 3 проекти, и дополнително со уште еден проект конкурираше Центарот за развој на источен плански регион. Останатите два проекти кои се во фаза на реализација се изградба на улици во селата Долни Полог, Мојанци, Тркање, Прибачево, Оризари и изградба на локален пат од местото Крушка до местото Ајдар. За сите овие три проекти Кочани од Платежната агенција доби вкупна финансиска помош од 32,8 милиони денари. Преку Центарот за развој на источен плански регион, се реализира проектот за изградба на пристапен пат од село Оризари до манастир Пресвета Богородица, во туристичка населба Добра Вода. За овој проект, планскиот регион доби финансиска поддршка во износ од близу 13 милиони денари.
Владата на Република Северна Македонија за реализација на мерките наменети за општините преку Програмата за рурален развој, обезбеди 38 милиони евра.


Димковски: Со проектот„Инвестиции во локална патна инфраструктура“, Кочани доби регионален пат






Бабовски:Општина Кочани доби финансиска поддршка од 32,8 милиони денари за капитални проекти







 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu