СООПШТЕНИЕ - 04.12.2019 во 16:26




Со пари од Програмата за Рурален развој жителите на Петровец за прв пат ќе добијат атмосферска и фекална канализација и локален пат до Ќојлија

Бабовски, Рамчиловиќ и Митeвски ги посетија локациите каде во моментов со средства од Програмата за рурален развој се реализираат три проекти со вкупна вредност од 49,2 милиони денари, средства од Буџетот на Република Северна Македонија, поточно од Програмата за Рурален развој. Станува збор за изградба на атмосферска канализација на неколку улици. Изградба на фекална канализација, како и изградба на локален пат од с. Ржаничино до месноста Ќојлија.
Градоначалникот на Петровец, Борче Митeвски, истакна дека во завршна фаза се два од трите проекти. Средствата за реализација на проектите се обезбедени од државната каса.
„Од огрмно значење се овие проекти и во целост ќе помогнат за жителите, но, и за општината затоа што општината Петровец е должна само да го плати ДДВ – то на проектот. “- истакна градоначалникот Митевски.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека со средства од програмата за рурален развој, се развиваат, модернизираат и инфраструктурно се поврзуваат дури и делови од државава кои досега не биле поврзани меѓусебно.

„Преку овие три проекти во Петровец ќе се инвестираат 49,2 милиони денари, средства од Буџетот на Република Северна Македонија, поточно од Програмата за Рурален развој. Практично, Владата заедно со Агенцијата со средства од Програмата за рурален развој, овозможија жителите на општина Петровец за прв пат да добијат атмосферска канализација. Околу 500 жители од овој дел на Петровец ќе бидат мирни и заштитени од високиот ризик на подземни и атмосферски води. Исто така за прв пат ќе се гради и локалниот пат од с. Ржаничино до месноста Ќојлија. Подобра квалитетна инфраструктура ќе овозможиме за над 1.000 жители од овој дел на Петровец, со што ќе се овозможи брз проток на добра и услуги. Парите наменети за развој на руралните средини ги вложуваме во развој на руралните места. Граѓаните од сите делови на државава без оглед на тоа дали се од рурални или урбани средини заслужуваат да имаат еднакво квалитетни услови за живот.“ изјави директорот Бабовски.

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, истакна дека само со посветена соработка на сите институции и со искористување на средствата кои ни се на располагање преку Прграмите може да се создаваат еднакви услови за живот во сите делови од земјава.

„Ова е најдобар пример како меѓусебно треба да соработуваат институциите без разлика на која политичка припадност се. Јас ќе продолжам да укажувам на тоа кој се потребите на граѓаните, се со цел обезбедување на поквалитетни услови за живот во сите населени места.“ – истакана потпретседателот на Собранието на РСМ, Зеќир Рамчиловиќ.

Владата на Република Северна Македонија за реализација на мерките наменети за општините преку Програмата за рурален развој, обезбеди 38 милиони евра за реализација на над 200 проекти во сите делови од Република Северна Македонија.








 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu