СООПШТЕНИЕ - 06.12.2019 во 14:29




Република Северна Македонија успешно ги имплементира препораките од Европската Унија во областа на земјоделството

Делегација од Република Северна Македонија предводена од заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, Авдул Селам Селами, присуствуваа на објаснувачкиот состанок кој се оддржа во Брисел. Тема на состанокот беше „Поглавје 11“ Земјоделство и рурален развој, како дел од подготовките за почеток на преговорите со Европската Унија. На состанокот беа презентирани и релевантните акти од страна на претставниците на службите на Европската Комисија за поглавјата од правото на ЕУ за земјоделство и руралениот развој.
Претставниците на Европската Комисија, на македонската делегација и посочија дека Република Северна Македонија има напредок во поглед на усогласеноста на правната регулатива од областа на земјоделство и рурален развој со законодавството на ЕУ. Во однос на хоризонталните прашања,согласно препораките на Европската Комисија нашата земја е на добар пат. Сите релевантни закони од областа се донесени и се во согласност со законодавството на ЕУ. Интегрираниот административен контролен систем (IACS) е функционален и добро развиен. Посочено беше и дека АФПЗРР, постојано работи на подобрувањето на системот. Мрежата на сметководствени податоци на земјоделските стопанства (FADN) е функционална и е според правилата на ЕУ, како и дека постојано се прават напори за подобрување на квалитетот на податоците. Што се однесува до системот за идентификација на земјишни парцели (LPIS), изработени се нови орто-фото-мапи и земјоделското земјиште се дигитализира. Претставниците на Европската Комисија посочија и дека Република Северна Македонија има напреднато и во делот за рурален развој, сите законски одредби се во согласност со законодавството на ЕУ. Посочија и дека Платежната агенција е целосно функционална. Во минатата и тековната година направени се напори да се зголеми персоналот во Агенцијата и Телото за управување а тоа според нив веќе позитивно влијае и на апсорпцијата на средставата од ИПАРД 2 Програмата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu