СООПШТЕНИЕ - 27.12.2019 во 11:58





Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 Програмата преку мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“


Од утре почнува можноста за аплицирање за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата, поточно, од утре тече новиот јавен повик за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од ИПАРД 2 програмата.
Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Директорот Бабовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на денешниот брифинг со новинарите информираа дека 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија ИПАРД 2014-2020, а 25 отсто од средствата ќе бидат кофинансирани од Буџетот на Република Северна Македонија.


„Рокот за аплицирање почнува од сабота 28 декември и трае до 11- ти февруари. Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.3 милиони евра. Со ова Владата, Министерството и Агенцијата, уште еднаш потврдуваме дека силно сме фокусирани кон развој и унапредување на преработувачките капацитети во агро секторот. На овој начин и преку овие мерки нудиме можност за развој на домашните земјоделски стопанства и агро компаниите. Преку осовременување на постоечките и отворање на нови производни капацитети очекуваме да постигнеме зголемено производство, пласман на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.“, изјави директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, - истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Оваа мерка се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо вклучително јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет.
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu