СООПШТЕНИЕ - 03.01.2020 во 14:33





Од наредната недела низ повеќе населени места ќе се оддржат ИПАРД инфо денови


Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, заедно со претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и вработени од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во тек на месец јануари низ повеќе места во Република Северна Македонија ќе оддржат ИПАРД инфо денови и работилници се со цел информирање на јавноста за можностите и условите за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата.

Овие инфо денови се наменети за сите кои сакаат да аплицираат за добивање на средства од ИПАРД 2 Програмата преку Мерка 3 “Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“. Сите заинтересирани на овие ИПАРД инфо денови ќе може да се информираат кои се документи им се потребни, кои се условите кои треба да ги исполнат за да може да користат средства од ИПАРД 2, поточно преку Мерката 3.

ИПАРД инфо деновите ќе почнат од 9- ти јануари во Ранковце а по него следуваат и останатите места:


1. Ранковце 9 јануари 2020 (четврток) 10.00 ч
2. Свети Николе 9 јануари 2020 (четврток) 14.00 ч
3. Струмица 10 јануари 2020 (петок) 11.00 ч.
4. Прилеп 15 јануари 2020 (среда) 11.00 ч
5. Тетово 16 јануари 2020 (четврток) 10.00 ч
6. Кичево 16 јануари 2020 (четврток) 14.00 ч
7. Карпош 17 јануари 2020 (петок) 10.00 ч
8. Аеродром 17 јануари 2020 (петок) 14.00 ч
9. Битола 23 јануари 2020 (четврток) 11.00
10. Градско 24 јануари 2020 (петок) 11.00 ч
11. Кочани 28 јануари 2020 (вторник) 11.00 ч
12. Богданци 29 јануари 2020 (среда) 11.00 ч

Рокот за поднесување на барањата за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2, Мерка 3 “Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ е до 11- ти февруари 2020 година. Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.3 милиони евра.

Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.
Оваа мерка се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо вклучително јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет.

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu