СООПШТЕНИЕ - 06.02.2020 во 11:32





Исплатени 391 милион денари за субвенции за овоштарство


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР) денеска на 9.545 лица им исплати 391.455 .215,00 денари за субвенции за одржување на овошни насади. Корисници на оваа поддршка се: производители на јаболка, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.
Заклучно со денешната исплата за овоштарство, исплатени се 1.622.170.858,00 денари за полједелците, за лозарите, и за градинарите.
Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта. Оваа Влада од почеток на мандат до денеска исплати финансиска поддрпка од 364 милиони евра за развој на агро – секторот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu