СООПШТЕНИЕ - 12.03.2020 во 12:57


Заради почитување на препораките на Владата откажани се ИПАРД инфо денови во наредните 14 дена


Се известуваат сите земјоделци и заинтересирани лица дека ИПАРД Инфо деновите нема да се одржуваат, а од Телото за управување со ИПАРД, од министерството за земјоделство, шумрство и водостопанство како и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, замолуваат за разбирање и за почитување на препораките на Комисијата додека важат мерките за превенција од ширење на корона вирусот.

Почитувајќи ги препораките и издадените забрани, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Телото за управување со ИПАРД фондовите, како и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја известуваат јавноста и сите заинтересирани дека кампањата за „ ИПАРД Инфо денови “ преку која се врши информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020 нема да продолжи со инфо караванот во наредните 14 дена.
Кога ќе продолжат ИПАРД инфо деновите и каде соодветно како и досега ќе биде информирана јавноста.






 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu