СООПШТЕНИЕ - 20.04.2020 во 12:56


Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат, од утре подигнувањето готовина од банки ќе се врши по азбучен ред

Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите кои правно – законски се стекнале со право за финансиска поддршка за тутун можат да ги подигнат субвенциите од банкомат под контролиран режим и списоци од Министерството за внатрешни работи.
Максималниот износ на средства којшто ќе може да се подигне преку банкомат во текот на 24 часа е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од дебитната картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги ги користи корисникот којшто ги подига средствата.
За да се подигне готовина од добиените субвенции, потребно е дебитната картичка да е поврзана со конкретната сметка на којашто е извршена уплатата.
Тутунопроизводителите кои немаат платежни картички за банкомат а имаат потреба од готовина средствата од субвенциите од шалтерите на банките, ќе може да ги подигнат во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето на тутунопроизводителот и тоа според следниот распоред:

• 21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д;
• 22 април (среда)презимиња кои започнуваатна Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;
• 23 април (четврток) презимиња кои започнуваатна Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
• 24 април (петок) презимиња кои започнуваатна С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Апелираме до сите тутунопроизводители при одењето во банка или до банкомат да ги почитуваат распоредот и препораките за држење на растојание додека се чека ред.
Истовремено ве известуваме дека во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од тутунопроизводителите, со продолжено работно време od 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на:

• НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;
• Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица.

Во другите општини филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното ново работно време согласно вонредната состојба.

Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за тутунопроизводителите, движењето ќе биде овозможено до 18 часот.

Субвенциите за тутунот се веќе се на банкарските сметки на корисниците. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, исплати над 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители за субвенции за тутунот од реколтата 2019.

.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu