СООПШТЕНИЕ - 29.04.2020 во 10:45




До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“ гориво за земјоделска механизација истекува на 30 –ти април 2020 година.

Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на гориво за земјоделската механизација, истите да ги искористат, затоа што по 30- ти април, картичките ќе бидат блокирани.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, веќе ја заврши тендерската постапка и во рок не подолг од 60 дена компанијата која е избрана ќе треба да ги испечати и картичките да ги достави до АФПЗРР, по што истите ќе бидат дистрибуирани до земјоделците.

Годинава, преку оваа мерка ќе се покрива 50 % од трошокот за производство. Лани, кога за прв пат беше воведена оваа мерка покриваше само 30% од производниот трошок утврден согласно методологијата.
Кој колку пари ќе добие на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции. Процентот на поддршката е веќе проектиран во програмата. Со персонализираните „зелени картички“ и со расположливата сума со нив и годинава, како и лани, ќе може да се точи само „еуро дизел“ за земјоделска механизација. Согласно проекциите, годинава со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 земјоделци и преку оваа мерка 280.000.000 денари ќе бидат вратени кај земјоделците. Со овие средства ќе помогнеме да се амортизираат, односно, намалат производните трошоци на земјоделците со што ги правиме домашните земјоделци поконкурентни на пазарот.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu