СООПШТЕНИЕ - 07.05.2020 во 19:00


Со 43 милиони денари од програмата за рурален развој се обнови патната инфраструктура во неколку населени места и се модеренизира градски пазар во Крива Паланка

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, направија увид на четирите проектите кои во овој дел од земјава се реализираат со средства од Програмата за рурален развој. Станува збор за ревитализација на пат од село Трново до Голема Црцорија, пат до манастирот во село Конопиница, и до манастирот „Св Јоаким Осоговски“, како и модернизирање на градскиот пазар. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека во овој дел од државата се инвестирани 43.000.000. денари.

„ На три од вкупно четири проекти, општината треба да си го плати само Данокот на додадена вредност. Исклучок е градскиот пазар каде сме партнери и таму учеството е до 50%, односно, останува делот за кој општината треба да си го доплати. Преку овие проекти кои се реализраат во над 80 општини низ цела држава, односно 200 проекти со вкупна вредносѕт од околу 38 милиони евра, Владата, АФПЗРР, покажуваме дека се грижиме за потребите и приоритетите на граѓаните во сите краеви од нашата земја без оглед дали се во градска или рурална средина. Оваа програма овозможува подеднаков рамномерен регионален развој. – истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.
Градоначалникот на општина Крива Паланка информира дека со средства од Програмата за рурален развој се унапредува животот на граѓаните во оваа општина. Четирите проекти проекти се од исклучително значаење затоа што освен што граѓаните добиваат квалитетна инфраструктура до неколку населени места и до манастирот „Св Јоаким Осоговски“, општината добива можности и за развој на манастирски и развој на рурален туризам. Една од поголемите придобивки кои за граѓаните е и проектот кој преку Мерката 123 од Програмата за рурален развој, се модернизира градскиот пазар.
„Веќе се набавени и се поставени 120 метални тезги како продажни локации, 20 разладни витрини, како и 30 специјализирани куќички за продажба на текстил како и др вид на производи.“- истакна градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Сите 200 проекти кои се реализираат низ цела Република Северна Македонија се проекти кои опфаќаат капитални инвестиции во локалната патна, водоводна и канализациона мрежа, изградба и реконструкција на мостови, пазари, паркови, спомен обележја и друг вид инвестиции, кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот во секоја општина во државата.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu