СООШТЕНИЕ - 19.05.2020 во 10:36


Бабовски : Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата

Станува збор за можност за добивање на средства од подмерката „финансиска поддршка за порибителен материјал“. За оваа мерка може да конкурираат сите кои од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадавување на рибниците. Средствата од оваа мерка се исплаќаат скалесто и тоа:

- за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок од 5000 кг до 7500 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок над 7500 – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.

Корисници на мерката финансиска поддршка за порибителен материјал, се сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 - декември 2020 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот. За добивање на средства за набавен подмладок, корисници може да бидат сите субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 - декември 2020 година. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2020 година.
Можност за добивање на финансиска поддршка им се дава и на сите кои имаат риболовни води под концесија и во периодот од 1-ви ноември 2019 до 20 –ти март годинава, направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите во време на природен мрест утврден во риболовната основа и имаат донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека

„До 30.000 денари максимална поддршка по корисник ќе добијат оние апликанти кои имаат направено заштита на риболовните ревири и рекреативни зони. Сите кои направиле заштита на риболобвните зони пак ќе може добијат максимална поддршка до 150.000 денари по корисник. Додека сите кои имаат направено заштита на риболовните подрачја можат да добијат максимална поддршка до 400.000 денари по корисник. Бабовски, појаснува дека со овие средства апликантите ќе можат да ги подмират трошоците за исплатена бруто плата на рибочуварите, да ги платат трошоците за гориво за пловните објекти или возилата кои се дадени на користење на концесионерот. „- појаснува Бабовски.
Корисници на поддршката дополнителна заштита на рибите во риболовните води, се концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер, може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов.
Финансиската поддршка на овој повик се доделува по принцип прв дојден прв услужен. Барањата за добивање на финансиската поддршка по двете мерки се доставуваат во оригален примерок.
Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2020 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 02/2020 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта на следната адреса

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц )
1000 Скопје


Доколку доставениот плик не е обележан како што се бара, Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето. Брањата и потребната документација може да се преземат од веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk . Крајниот рок за доставување на барањата е 15- ти јуни 2020 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu