СООПШТЕНИЕ - 26.06.2020 во 19:21



Министерот Димковски и директорот Бабовски, денеска во Кочани одржаа работен состанок со претставници на Здружението „Бело злато“

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев одржаа работен состанок со претставници на Здружението „Бело злато“.
На овој состанок се разговараше за актуелни прашања од реализацијата на програмите на ресорното министерство, беа разменети предлози и искуства со цел секоја реколта да биде подобра од претходната.
„Ова беше еден конструктивен разговор за се досега што беше сработено и сите планови што допрва ни претстојат, најголем дел од состанокот разговаравме за делот како подобро да сме подготвени за пријавувањето на субвенциите , во време на пандемија “-изјави министерот Димковски.
Кочани е град препознатлив по производството на оризова арпа од која се добива бел ориз како бренд надалеку познат во светот по својот квалитет. Од оваа земјоделска култура опстојуваат голем број земјоделски семејства во Кочанскиот регион, токму затоа инвестираме во различни сегменти и постојано сме присутни и учествуваме во секој чекор заедно со земјоделците.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu