И З В Е С Т У В А Њ Е - 25.02.2009 во 17:47

ИЗВЕСТУВАЊЕ




Владата на Република Македонија, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува млекопроизводителите дека од 23 февруари до 6 март 2009 година можат да поднесат барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2009 година, и тоа за мерката: Финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо млеко.

Во овој период се поднесува барање за млеко кое е произведено и продадено во регистрирани млекарници (преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло) во период од ноември до декември 2008 година. Воедно овој период барање можат да поднесат и млекопроизводителите кои не успеале да ги достават откупните белешки за продадено млеко за месеците септември и октомври 2008 година. Висината на поддршката е 2,5 денари/литар млеко.

За користење на оваа поддршка барателите треба да ги исполнат следните општи услови:

1. Да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства,
2. Да ги имаат подмирено надоместоците и обврските кои произлегуваат од склучени договори за користење на државно земјоделско земјиште, пасишта во државна сопственост и добиена механизација од Јапонската помош,
3. Да поседуваат крави кои се обележани и евидентирани во Регистарот на говеда.

За користење на поддршка барателите доставуваат откупна белешка (оригинал) издадена од страна на млекарницата каде што е продадено млекото. Останатите потребни докази ќе се обезбедуваат по службена должност.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и воедно од советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството обезбедена е бесплатна помош при пополнувањето на обрасците.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги дистрибуира обрасците за пријавување и изврши обука на вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исплатата на финансиската поддршка ќе се изврши преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по завршување на административните контроли и контролите на лице место.

За подетални информации земјоделските производители можат да се обратат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во сите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Контакт телефони:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Телефон 02 3228 852 и 02 3228 840
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Телефон 02 3 134 477
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
Телефон 047 228 330 и 047 228 370
секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu