СООПШТЕНИЕ - 05.11.2020 во 15:04




Со средства од Програмата за рурален развој, село Драчево доби нов мултимедијален Дома на културата

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска, свечено го пуштија во употреба, Домот на културата во село Драчево. Вкупната инвестиција за реконструкција на овој објект изнесува 14,7 милиони денари, средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, истакна дека просторот прераснува во мултифункционален и современ центар во кој ќе може да се одржуваат театарски претстави, изложби а свој простор има и најстарото културно – уметничко друштво Китка. Ваквите проекти помагаат граѓаните да имаат квалитетни услови за живот како и можност да отвораат нови бизниси.

„Општина Кисела Вода, со грант од Програмата за рурален развој направи и реконструкција на патот до верско- рекреативниот Центар Три – круши а Усје и Драчево ќе добијат Урбанистички планови кои исто така се важни за жителите на овие населени места. Во овој дел од Кисела Вода преку проектите кои се реализираа ќе се инвестираат близу 28 милиони денари. “- истакна Бабовски.

Министерката за култура Стефоска, исткана дека инвестициите во културни институции е инвестиција која се враќа преку нови добри проекти, нови претстави.
„ Посакувам вакви објекти да има секаде. Соработката помеѓу општината Кисела Вода и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, покажаа добар спој на две институции кои преку пример покажаа како функционира и се спроведува децентрализацијата. Особено ми е мило што институциите од централната и локалната власт работеа заедно се со цел да се отвори ваков објект кој е пример за деметрополизацијата . Граѓаните иако се блиску до Скопје, сепак имаат можност да творат да посетуваат културни настани овде во Драчево. Програмата за рурален развој ги дава резултатите. “ - исткана Стефоска

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, истакна дека граѓаните заслужуваат да добијат квалитетни проекти кои ќе овозможат квалитетни услови за живот на граѓаните и отворање на нови бизниси.

„ Тука свој простор има и најстарото КУД „Китка“ од село Драчево, кое со години е репрезент на културата на Кисела Вода. Затоа сметавме дека е време да да си имаат свој објект каде ќе бидат домаќини и каде може да да си подготвуваат настани, но уште подобро да ја презентираат нашата традиција, културата и овде и надвор од нашата држава. – истакна Темелковски.

Само со создавање на квалитетни услови за живот може да се влијае врз намалување на одливот на младите, односно да ги задржиме во родните огништа.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu