СООПШТЕНИЕ - 28.11.2020 во 13:53



Бабовски : Петстотини и четириесет земјоделци ќе добијат нови трактори преку програмата за рурален развој, денеска беа доделени првите пет договори

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

„Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува 206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набвка на трактори од марката Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на „Ковид 19“, сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите а денеска не се овде договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса. Откако ќе ги заверат и потпишат 2 примерока од договорите ќе треба да вратат во Агенцијата. По што може да почнат и со реализација на инвестицијата односно со набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот. Апелирам до сите се додека не го потпишат договорот да ја почнуваат инвестицијата. “- истакна директорот Бабовски
Со помош на новата набавена, современа механизација се намалуваат производните трошоци на земјоделците, со тоа стануваат поконкурентни и модернизирани земјоделски стопанства.
Модернизацијата на домашниот агро – сектор е од огромно значење затоа што со модерна механизација не само што се намалуваат работните часови на земјоделецот туку тој се прави и поконкурентен затоа што има намалени производни трошоци. Инвестициите и парите вложени во модернизација ни се враќаат преку зголемено производство, квалитетни и производи со додадена вредност кои се конкурентни и на домашниот и на странскиот пазар. Парите од Програмата за рурален развој, преку сите креирани мерки се инвестираат во рамномерен регионален развој. Ги развиваме руралните средини, овозможуваме еднакви услови за живот на сите граѓани. Како Влада ќе продолжиме да ги мотивираме земјоделците да ги зголемуваат површините и производството а ние ќе продолжиме да ги поддржуваме за тие да растат и да се развиваат. “- истакна заменик министерот Димковски.

Приоритет и на Агенцијата и на Владата е развој на агро секторот и нови инвестиции во земјоделството.
Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на производство на млеко, месо, зеленчук и овошје кои позитивно ќе се одразат и на бруто домашниот производ, но и врз растот на домашната економија



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu