СООПШТЕНИЕ - 03.03.2021 во 14:08




Со неповратните грантови до 20 илјади евра се отвораат винарници, нови фарми, семејни бизниси кои ќе дадат нов импулс во домашната економија

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Кавадарци, врачи две од вкупно 27 одобрени апликации во Тиквешкиот регион за инвестиции во агро секторот преку „Мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“. Апилантите кои денеска ги добија договорите имаат одобрено неповратен грант до 20 илјади евра за набавка на опрема за семејни винарии.

„Имено, со овие средства, апликантите ќе набават пневматски преси, иноксни садови, мелачки за грозје, разладни уреди, пумпи и опрема за флаширање. Модернизирањето на производството на овие млади луѓе е најголем доказ дека нашите мерки даваат резултат, а граѓаните ја препознаваат шансата која им ја дава Владата за поддршка на младинското претприемништво. Петре и Блаже, преку своите семејни винарии ќе овозможат, домашното производство на грозје да се преработи во нивни сопствени капацитети и да се произведе сопствено вино, како нов бренд во широката македонска винска лепеза.“ – истакна Бачовски.

Бачовски додаде дека преку Мерките кои се реализираат преку Агецијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се создаваат нови работни места, нови брендови кои позитивно ќе се одразат на домашната еконимија. Со „мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“ се опфатени 265 апликанти на возраст до 40 години, за кои се одвоени 3.1 милион евра за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Апликантите кои ги добија неповратните средства, Стојановски и Пешков изразија задоволство од грантот. Тие рекоа дека немале проблеми при аплицирањето и дека во иднина ќе вложуваат, со цел изградба на македонски вински бренд препознатлив во светот.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со засилена имплементација на мерки и програми за доделување на финансиска помош како главен двигател на развојот и модернизацијата на агро секторот.







 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu