СООПШТЕНИЕ - 05.03.2021 во 12:32


Бачовски: Исплатени 512,5 милиони денари субвенции за повеќе мерки


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 23.524 субјекти исплати над 512,5 милиони денари на име субвенции.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на следните мерки :
„Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години исплатени се 54,5 милиони денари, додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари. “ преку соопштение информира Бачовски.

Сите кои се стекнале со право на користење на финансиска поддршка во еден ден и без селекција ги добиваат средствата кои им следуваат. Агенцијата како и досега ќе продолжи да биде партнер на земјоделците, а земјоделските субвенции ќе се исплаќаат согласно динамиката на нивната обработка од страна на службите при Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu