СООПШТЕНИЕ - 26.03.2021 во 13:46




Развиени општини значат силна економија, Делчево со новиот пазар добива капитален проект кој е стимул за локалниот економски развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, заменикот-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски го означија почетокот на изградба на современиот градски пазар.

Премиерот Заев истакна дека целта на овој капитален проект за Делчево во износ од 33,4 милиони денари е создавање модерни услови како за продавачите, така и за купувачите.Дел од средствата се обезбедени преку Програмата за рурален развој и АФПЗРР.

„Овој дел на градот добива современ урбан изглед со можност да се создадат атрактивни локации за идни нови градби. Развиени општини значат силна економија. Во таа насока Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Ја зајакнуваме децентрализацијата и овозможуваме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво. За таа цел започнавме реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку реализирање на 3 главни столба и тоа раст на приходите на општините, отплата на долговите, како и домаќинско, транспарентно и отчетно работење. Владата продолжува да поддржува трајни добра како изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, за подобрување на животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој“, изјави Заев.

Со буџетски средства и со поддршка на меѓународните финансиски институции Владата спроведува проекти насочени кон развој на општините за зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво. Целта е да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг простор. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.599 м2 и површина за градење 6.944 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи но и други стоки“, рече Трајковски.

Градоначалникот Трајковски истакна дека градскиот пазар во Делчево е неопходна потреба и проект кој има регионално значење за Општина која е на крајниот исток од државата, каде доаѓаат посетители од соседна Бугарија, но и како транзитно место, често посетувано од граѓани од цела држава и пошироко.





 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu