И З В Е С Т У В А Њ Е - 30.03.2009 во 15:13
ИЗВЕСТУВАЊЕ







ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2009 ГОДИНА

ДЕЛ VII ТОЧКА 6, ПОТТОЧКА 6.2

НАДОМЕСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРИМАРНОТО РАСТИТЕЛНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО ОД ОСНОВНИ РИЗИЦИ




Корисници

Корисници се земјоделски стопанства, кои ги имаат исполнето критериумите од програмата и располагаат со следните максимални капацитети:

а)Лозови насади до 20 ха,

б)Градинарски култури (домати, пиперки, краставици и бостан) до 50 ха од секоја култура одделно,

в)Овошни насади (јаболки и праски) до 10 ха од секој вид одделно,

г)Поледелски култури (пченица, јачмен, пченка, тутун) нема ограничување на максималните капацитети.



Постапка

1. Барање за користење на средства со пропишаната документација се поднесува во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до 30.08.2009 година.

2. Подрачната единица врз основа на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, приложените документи и утврдените критериуми во програмата, издава Потврда за исполнување на условите за користење на средства и истата ја доставува до барателот.

3. Барателот ја доставува Потврдата до осигурителната компанија.

4. Осигурителната компанија издава Полиса за осигурување при што земјоделското стопанство го задолжува со 40% од вредноста на полисата а за останатите 60% ја задолжува Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

5. Еден примерок од Полисата (оригинал или фотокопија) барателот враќа во подрачната единица со што го дополнува своето досие.

6. Подрачната единица до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го доставува комплетното досие од барателот.

7. Осигурителната компанија до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој доставува:

- Еден примерок од Полисата (оригинал),

- Збирна фактура со рекапитулар на фактурите со јасен приказ за висина на премијата, делот со кој е задолжен барателот и делот со кој е задолжена Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

- Изјава од овластеното лице на осигурителната компанија дека со префрлање на средства од страна на Агенцијата на сметка на осигурителната компанија во име на барателот, осигурителната компанија ќе го ослободи барателот во висина на префрлениот износ.

8. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по утврдување на исполнетост на критериумите утврдени во програмата, ќе изврши исплата на средства по фактура на сметка на осигурителната компанија а во корист на барателот и тоа во висина од 60% од вкупната вредност на Полисата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu