С О О П Ш Т Е Н И Е - 24.06.2008 во 12:56



С О О П Ш Т Е Н И Е


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите потенцијални корисници дека објавува Јавен оглас за поднесување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2008 година и тоа за мерките:

• мерка 1 - Инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства, вклучително и аква култура;
• мерка 2 - Инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи;
• мерка 3 - Инвестиции за рехабилитација на системите за наводнување на Водни заедници.

За начинот на поднесување на барања за користење на средства од Програмата, Агенцијата за финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој изготви обрасци за Барања за користење на средства од Програмата и Водич за корисниците по соодветна мерка за аплицирање.
Барањата и Водичот за корисници може да се подигнат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рураниот развој.
Укажуваме дека пополнетите барања проследени со комплетната документација пропишана во Јавниот оглас за секоја мерка поединечно се доставуваат единствено до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по препорачана пошта.
За подетални информации за начинот на распределба на средствата од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2008 година, потребните документи, постапките и роковите, потенцијалните корисници можат да се обратат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (тел: 02 3228 840) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (тел: 02 3134 477) секој работен ден од 08.30 - 16.30 часот.

Скопје, 20 мај 2008 година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu