|
|
С О О П Ш Т Е Н И Е
-
13.10.2009
во
15:23
|

Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат земјоделските производители дека од 5 октомври 2009 година можат да поднесат барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2009 година, и тоа за следните мерки:
1. Индустриски градинарски култури продадени во преработувачки капацитети, 2. Произведено и продадено грозје во регистрирани домашни винарски визби, 3. Домашно производство на сертифициран семенски и саден материјал, 4. Произведено и продадено млеко во период од мај до септември 2009 година, 5. Одгледани и продадени говеда, гоеници и кокошки во регистрирани кланични капацитети, 6. Добиено теле по пат на вештачко осеменување, 7. Набавени приплодни грла говеда, овци, кози и свињи, 8. Произведени еднодневни бројлерски пилиња и јајценосни хибриди, 9. Набавка на матици и подигање на нови површини со медоносна флора.
Крајниот рок за поднесување на барања за мерките од сточарското производство е 25 октомври, а за ратителното производство 5 ноември.
Воедно се известуваат органските производители и производителите кои спроведоа стандарди за квалитет и безбедност на храната во 2009 година дека крајниот рок за дополнување на барањата со добиените сертификати е 1 декември.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги дистрибуира обрасците за пријавување и изврши обука на вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и советниците од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и воедно од советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството обезбедена е бесплатна помош при пополнувањето на обрасците.
Исплатата на финансиската поддршка ќе се изврши преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по завршување на административните контроли и контролите на лице место.
За подетални информации земјоделските производители можат да се обратат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во сите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk Инфо центар: телефон 02 3097-450
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Телефон 02 3 134 477
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Телефон 047 228 330 и 047 228 370
секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот |
|
|
Menu
|