|
|
ИЗВЕСТУВАЊЕ
-
21.10.2009
во
14:36
|

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат земјоделските производители дека од 22 октомври до 5 ноември 2009 година можат да поднесат барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2009 година, и тоа за мерката: „Финансиска поддршка за произведени и продадени конзумни домати во преработувачки капацитети за производство на доматно пире“. Висината на поддршката е 3 денари за килограм домати.
За подетални информации земјоделските производители можат да се обратат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во сите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk Инфо центар: телефон 02 3097-450
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Телефон 02 3 134 477
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Телефон 047 228 330 и 047 228 370
секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот |
|
|
Menu
|