|
|
Има
2793
текстови на
399
страни а Вие сте на
1
-та страна |
ЈАВЕН ОГЛАС
-
13.01.2021

Врз основа на член 22, став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 143/2019 и 14/2020), а во согласност со член 22, став 1, точка 1 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008 ... 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/2019 и 267/2020), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува
ЈАВЕН ОГЛAС број 01/2021 за вработување на 20 извршители на определено време и тоа:
македонска верзија | албанска верзија
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
04.01.2021
Целосно ќе се искористат 9,2 милиони евра кои се на располагање преку ИПАРД 2 – одобрени над 350 проекти за инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите апликанти кои во текот на 2020 година, аплицираа за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата, поточно преку Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства “,дека во финална фаза е обработката на барањата кои пристигнаа и беа комплетни на овој повик. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се очекува да се одобрат над 350 соодветни барања а апликантите во наредниот период ќе бидат повикани за да ги потпишат договорите.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
29.12.2020
Исплатени 377,7 милиони денари за откупено грозје за винската индустрија
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со Генералниот секретеријат на Владата на Република Северна Македонија, денеска на сметките на 8,780 лица исплати вкупно 377,7 милиони денари за „Ковид 19“ мерката за откупено грозје за винската индустрија. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека средствата се веќе легнати на сметките на сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на средства преку некоја од мерките од ковид пакетот.
Бачовски, информира дека : „За мерката поддршка по килограм на произведено винско грозје до 18% шеќерни единици наменето за производи од грозје и вински дестилати, исплатени се 92.755.758 денари на 1.970 субјекти.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
24.12.2020
Исплатени субвенциите за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.864 лица исплати 88.108.315,00 денари, субвенциии за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности. Станува збор за исплата на мерката „211 Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност“ или попозната како ПОМ, средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства кои вршат дејност на надморска висина поголема од 700 метри.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
18.12.2020
Со проекти од програмата за рурален развој го развивме руралниот туризам и локалната економија во Кавадарци
Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Кавадрци Митко Јанчев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски,раководителот на Вардарски плански регион Игор Андреев како и претставници на здружението „Тиквешки точкаџии“, планинарско друштво „Орле“ и здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, присуствуваа на настанот за свечно пуштање во употреба на нова пешачко велосипедска патека во Општина Кавдарци.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
14.12.2020
Бабовски : Исплатени субвенциите за органско производство
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 658 лица исплати 91,633 милиони денари за одгледувачите на органско производство.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, поточно аплицирале за „Мерката 215 органско производство“.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
05.12.2020
Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство
Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Ремзи Абдулахи, денеска ги доделија првите договори за поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство.
Премиерот Заев истакна дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех и дека пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.
[повеќе] |
|
|
Menu
|