Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите, двајца корисници кои потпишаа договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по Јавен повик 02/2011, добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.
[повеќе]
Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07 и 5/09), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2012
за доставување на барања за користење на средства од
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата. По успешна реализација на одобрената инвестиција уште еден корисник доби средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.
[повеќе]
за објавување на Јавен повик 02/2012 за доставување на барања за
користење на средства од петтата компонента на Инструментот за
претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија
(ИПАРД Програмата 2007-2013)
Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во втората половина на месец септември 2012 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година “Службен весник на Република Македонија“ број 83/2009 од 03.07.2009 година).