|
|
Има
2671
текстови на
382
страни а Вие сте на
13
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
05.04.2019
Се продлабочува соработката помеѓу Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и АД "Водостопанство на Република Северна Македонија"
Директорот на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија", Илми Селами, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, потпишаа Меморандум за соработка за техничка помош и подршка пред се во делот на поуспешно спроведување на потребните теренски контроли како и взаемна подршка во опрема, простории и слично. На состанокот присуствуваше и заменик директорот на АФПЗРР, Абдулселам Селами. На состанокот двете страни меѓусебно беа информирани за тековните активности кои ги спроведуваат овие две институции.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
04.04.2019
Исплатен долгот што дел од винарниците го имаа кон лозарите
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година. Во списокот на винарски визби кои за посочениот период имаат долг кон лозарите спаѓаат и винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“, и сите други винарски визби кои што во истиот период биле регистрирани како винарници во регистарот на МЗШВ. Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека целата постапка во делот на измените на Законот за земјоделство и рурален развој и Програмата за директни плаќања 2019 година се направи на почетокот на годината, со што се исполни и правниот основ за државата да ги обештети лозарите, кои имаат побарувања за предаденото а неплатено грозје. „Направивме една проактивна одлука со вклученост на градоначалниците од Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, пратениците од овој регион, лозарите. Се одржаа многу средби и со претставниците на винарските визби кои го откупиле а не го платиле грозјето , се со цел да се најде соодветно решение. Нашата цел е лозарите да имаат сигурност во плаќањето, да знаат дека предадениот род ќе им се плати. Изминатиов период Државниот инспекторат за земјоделство и Платежната агенција беа интензивно ангажирани на обработка на податоците и се посветија на побрза обработка на решенијата, со цел лозарите побрзо да бидат обештетени. Согласно тековните исплати, над 2.000 субјекти ги добија парите во вкупен износ од 77 милиони денари“, изјави министерот Николовски.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
01.04.2019
Вицепремиерот Анѓушев и министерот Николовски: Голем интерес од општините за мерките од програмата за Рурален развој за 2018 година, доставени 206 барања во вредност од 38 милиони евра
Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница ја усвои Информацијата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во врска со вложувања во инфраструктурни проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Со оваа одлука се одобруваат околу 38 милиони евра за реализација на проекти за капитални инвестиции на општините преку мерките од Програмата за рурален развој, а за кои општините конкурираа минатата година.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
22.03.2019
Нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска и сите директори на надлежните институции од секторот земјоделство, денеска во Велес, одржаа работна средба земјоделците од регионот. На средбата се разговараше за актуелната состојба во земјоделството, проблемите со кои се соочуваат земјоделците, исплатата на субвенциите, како и новите развојни мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за оваа година. Министерот Николовски потенцираше дека МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
21.03.2019
СО ЕВРОПСКИ СРЕДСТВА ОД ИПАРД 2 И ВЛАДИНА ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДУВАМЕ РАЗВОЈ НА ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, градоначалничката на општина Тетово, д-р Теута Арифи и директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ја посетија компанијата „Сентис АГ“ од тетовско Џепчиште, која што претставува успешен пример за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата. Оваа компанија во 2018 година склучи договор за искористување на средства од мерката „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, кои ги инвестираше во набавка на опрема, односно машина за полнење јогурт и два апарати за испитување на квалитет на млеко, со вкупна инвестиција од околу 100 илјади евра. Преку бенефициите кои ги нуди ИПАРД Програмата компанијата направи поврат на 50% од вложените 100 илјади евра.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
19.03.2019
Објавен јавниот повик за доставување на барања за мерките за финансиска поддршка на Локалните акциони групи
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го објави Јавниот повик за доставување барања за користење на средства од мерките за „Воспоставување на локални акциски групи“ и „Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини“, кои се во склоп на Програмата за рурален развој. Локалните акциони групи (ЛАГ-ви) се еден облик на јавно приватно партнерство во кое се вклучени самите земјоделци, земјоделските здруженија, бизнис заедницата и локалните самоуправи. Висината на вкупната финансиска поддршка за двете мерки изнесува 14 милиони денари. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопнаство Љупчо Николовски, посочи дека корисници на поддршката можат да бидат Локалните акциони групи основани согласно член 89 од Законот за земјоделство и рурален развој. Секој ЛАГ поединечно на располагање ќе има максимум 800 илјади денари.
[повеќе] |
|
|
Menu
|