Има 2624 текстови на 375 страни а Вие сте на 21 -та страна

СООПШТЕНИЕ - 15.05.2018





ВО ЧЕТВРТОК ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ТУТУНОТ

Во четврток, оваа недела, ќе започне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017–та. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во моментов ги подготвува решенијата за исплата по што ќе следува исплатата на субвенциите.
Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.
Во однос на просечната откупна цена на тутунот, оваа година се постигна убедливо највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.
Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.
Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.
[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 15.05.2018

СО ЕФИКАСНА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ДО МОДЕРНО И КОНКУРЕНТНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО



Модернизација, прилагодување кон европската регулатива, и поголема апсорпција на средствата од ИПАРД програмите. Ова се заклучоците од првата Бизнис конференција на тема „Менаџирање и искористување на Еу фондовите.“ . По добивањето на безусловната препорака од Европската комисија, за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија, повеќе од било кога како држава треба да работиме на исполнување на препораките од Европската Унија во делот на земјоделството. Затоа како што рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој Николче Бабовски, Македонија мора да се фокусира на правење конкурентен, квалитетен производ кој ќе овозможи преработувачката индустрија да повлече што поголем дел од предвидените 80 милиони евра. Според Бабовски, најдобар доказ за тоа се и големиот број на апликации.

- Интересот е голем и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија, а тоа го потврдува и бројот на апликации кои на првиот повик од ИПАРД 2 достигна 1.648. Ќе направиме се за максимално да ги искористиме средствата од ЕУ,- рече директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
Во обраќањето на конференцијата Бабовски потсети дека изминатите години Македонија искористи незначителни 17 отсто од расположливите средства.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 14.05.2018




Николовски: Создаваме услови за развој на примарното производство на свинско месо и за преработувачката индустрија

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваша на отворањето на новиот преработувачки капацитет на фармата Единство Челопек, кланицата „Мич Челопечко“.
Министерот Николовски посочи дека модернизацијата и зголемувањето на производствениот капацитет на оваа фарма се докажува дека условите кои ги создава Владата за развој на приватниот сектор, особено во прехрамбениот даваат резултати.
“Условите кои ги создаваме за развој на приватниот сектор, особено во прехрамбениот даваат видливи резултати. Модернизацијата и зголемувањето на производствениот капацитет на фармата Единство Челопек, која е една од најголемите производители на свежо свинско и говедско месо, го докажува токму тоа. Ме радува фактот што во оваа рурална општина има вакви инвестиции и активности кои влијаат врз развојот на регионот од повеќе аспекти како отворање на нови работни места, зголемување на капиталот на регионот, подобрени перспективи за младите. Фармата Единство е пример за успех и ги поканувам и охрабрувам да продолжат со инвестирање во иднината на Челопек и општина Брвеница, а ние ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка во секаков аспект “, изјави министерот Николовски.
[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 10.05.2018

СО ПОЕДНОСТАВЕНИ ПРОЦЕДУРИ ДО ПОГОЛЕМА ИСКОРИСТЕНОСТ НА СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД II ПРОГРАМАТА.



Преку поедноставување на процедурите за ИПАРД II програмата, до поголема искористеност на европските средства. Ова е пораката на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Николче Бабовски на првото Мешународно научно – стручно советување Агро – Наука и пракса. Време е домашното производство да го прилагодиме и приближиме до Европските стандaради, со што ќе покажеме дека Македонија може, знае и умее да го унапреди и зголеми домашното производство на земјоделски култури.
Бизнисмените кои присуствуваа на денешното советување го прашаа директорот Бабовски, кои се плановите, и на кој начин ќе се подобри апсорпцијата и искористеноста на ИПАРД програмата? Бабовски со одговор.
„Сите нотирани недостатоци, и пречки веќе се надминуваат. Вработените и во Агенцијата, но и останатите надлежни институции заеднички ќе работат за да се надминат проблемите , а со тоа и да се искористат што е можно поголем дел од средствата кои земјава ги има на располагање за наредниот период.“ – рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Николче Бабовски.


[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 08.05.2018





Од следната недела започнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017

Денеска во Служен весник се објавија измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој. Дел од измените на овој закон предвидуваат одложување на важноста на условите за подмирени обврски кон Управата за јавни приходи, што изминатите години беше пречка за исплата на субвенциите. Со оваа измена се создаваат законски услови за навремена исплата на субвенциите, меѓу кои е и исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017. Во насока на навремена исплата на субвенциите за тутунот,од денеска до крајот на оваа недела Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија, по што ќе следува обработка на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот. Исплата ќе започне следната недела. Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари. Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 03.05.2018




Рокот за поднесување барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и по грло добиток ќе се продолжи до 12-ти јуни.


Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018, наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12.06.2018 година. За таа цел Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе извршат измени на Уредбата за директни плаќања 2018, која што треба да се донесе на седница на Влада.


[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 23.04.2018





Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15 мај.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30 април 2018 година.

[повеќе]

Страна:  << Претходна  1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21 22  23  24  25  26  27  28  29  30  31  32  33  34  35  36  37  38  39  40  41  42  43  44  45  46  47  48  49  50  51  52  53  54  55  56  57  58  59  60  61  62  63  64  65  66  67  68  69  70  71  72  73  74  75  76  77  78  79  80  81  82  83  84  85  86  87  88  89  90  91  92  93  94  95  96  97  98  99  100  101  102  103  104  105  106  107  108  109  110  111  112  113  114  115  116  117  118  119  120  121  122  123  124  125  126  127  128  129  130  131  132  133  134  135  136  137  138  139  140  141  142  143  144  145  146  147  148  149  150  151  152  153  154  155  156  157  158  159  160  161  162  163  164  165  166  167  168  169  170  171  172  173  174  175  176  177  178  179  180  181  182  183  184  185  186  187  188  189  190  191  192  193  194  195  196  197  198  199  200  201  202  203  204  205  206  207  208  209  210  211  212  213  214  215  216  217  218  219  220  221  222  223  224  225  226  227  228  229  230  231  232  233  234  235  236  237  238  239  240  241  242  243  244  245  246  247  248  249  250  251  252  253  254  255  256  257  258  259  260  261  262  263  264  265  266  267  268  269  270  271  272  273  274  275  276  277  278  279  280  281  282  283  284  285  286  287  288  289  290  291  292  293  294  295  296  297  298  299  300  301  302  303  304  305  306  307  308  309  310  311  312  313  314  315  316  317  318  319  320  321  322  323  324  325  326  327  328  329  330  331  332  333  334  335  336  337  338  339  340  341  342  343  344  345  346  347  348  349  350  351  352  353  354  355  356  357  358  359  360  361  362  363  364  365  366  367  368  369  370  371  372  373  374  375  Следна >>

Menu