|
|
Има
2801
текстови на
401
страни а Вие сте на
27
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
19.07.2019
Вицепремиерот Анѓушев, Министерот Димковски и директорот Бабовски во посета на откупниот центар Ником во Градско – Инвестициите во откупните центри ги решаваат проблемите за откуп и пласман на земјоделските производи
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопаnство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Градско Роберт Бешовски, го посетија откупниот центар за овошје и зеленчук Ником во Градско, корисник на средства од ИПАРД 2 програмата.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
15.07.2019
Бабовски: Потпишан договорот со компанијата која ќе ги снабдува земјоделците со гориво за земјоделска механизација
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со директорот на големопродажба „АД. Макпетрол“ Зоран Доневски, денеска го потпишаа договорот за набавка на гориво за земјоделска механизација. Вкупната вредност на јавната набавка изнесува 200 милиони денари. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, истакна дека со денешното потпишување на договорот практично се заокружува целиот процес за оваа мерка при што за кратко време, земјоделците ќе го почувствуваат благодетот од оваа мерка. Претпријатието кое го доби тендерот, во најкраток рок, но, не подолг од 60 дена до Агенцијата треба да ги достави изработените персонализирани платежни картички преку кои земјоделците ќе може да точат гориво на сите бензински станици на Макпетрол низ државава.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
15.07.2019
Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство
Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски денеска во рамки на посетата на битолското село Граешница, се сретнаа со семејството Корчаревски.Земјоделецот Гани Корчари е еден од многуте успешни примери, којшто со помош на финансиски средства од ИПАРД 2 програмата, инвестирал во производството, односно во набавка на современа механизација. Конкурирал за мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 програмата за набавка на трактор и механизација за ѓубриво, за што преку ИПАРД му се вратени 22.225 евра.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
11.07.2019
Компаниите ги препознаваат бенефитите од ИПАРД програмата, со ефикасно искористување на средствата агросекторот се подготвува за пристап во ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски,заненик директорот Авдуљ Селам Селами и државниот секретар на МЗШВ Нефрус Челику, денеска беа во посета на компанијата „Бесо интерком ДООЕЛ“, во тетовско Желино.
[повеќе] |
ЈАВЕН ОГЛAС
-
08.07.2019

Врз основа на член 22, став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018), а во согласност со член 22, став 1, точка 1 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008...120/2018), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува ЈАВЕН ОГЛAС за вработување на 5 извршители на определено време .
македонска верзија | албанска верзија
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
08.07.2019
Бабовски : Преку Програмите кои ги спроведуваме создаваме поволни услови за сточарството
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, градоначалниците на Битола, Могила и Новaци, денеска во Битола присуствуваа на манифестацијата „Одбележување на денови на млекото и кооперативното здружување“.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
06.07.2019
МЗШВ: Единаесет земјоделски задруги денеска добија договори за финансика поддршка преку Програмата за рурален развој
Денска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа конференција по повод денешниот Меѓународен ден на земјоделски задруги. Оваа година мотото е „Задруги за достоинствена работа“, како форма којашто има важна улога во создавањето на пристојни работни места, како и за социјално и економско зајакнување на локалните заедници.
[повеќе] |
|
|
Menu
|