|
|
Има
2805
текстови на
401
страни а Вие сте на
31
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
13.05.2019
Објавен тендерот за субвенционирана „зелена нафта“ за земјоделците
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на електронскиот систем за јавни набваки, Бирото за јавни набавки го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација. Оваа јавна набавка е согласно планот за јавни набваки на Платежната агенција и по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Претходно, согласно процедурите, беше објавен техничкиот дијалог на којшто сите заинтересирани компании имаа можност да ја разгледаат тендерската документација и да дадат забелешки доколку имаат. Право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица – понудувач кои се регистрирании за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Рангирање на понудувачите ќе се врши според висината на понудените цени.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
02.05.2019
АФПЗРР: Почна аплицирањето за субвенции за прва фаза произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, прва фаза, односно, за произведено и предадено млеко во месеците октомври, ноември, декември 2018- та година. За прв пат барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски или оние фармери кои имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството најдоцна до 16- ти мај 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено млеко овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
30.04.2019
АФПЗРР: До крај на мај земјоделците ќе може да конкурираат за набавка на трактори
Од денеска до крај на месец мај, земјоделските стопанства ќе може да конкурираат за добивање на средства за набавка на трактори. Овој повик се реализира согласно тековните и планирани рокови по програматата за рурален развој. Вкупните прифатливи трошоци по поединечен корисник за набавка на трактор изнесуваат до 3.500.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво. Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Но, процентот на ко-финансирање се зголемува на 55% од вредноста на инвестициите доколку носителот на земјоделско стопанство е млад земјоделец (од 18 до 40 години старост ). 60 отсто кофинансирање е предвидено доколку инвестицијата се реализра во подрачје со ограничени можности, 65% кофинансирање од вкупната вредност се доделува за инвестиции поднесени од млади земјоделци чии што земјоделски стопанства се наоѓаат во подрачје со ограничени можности и 75 % кофинансирање е предвидено за инвестиции во недостапни рурални заедници. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски информира дека оваа година во Програмата за рурален развој двојно е зголемена вкупната финансиска поддршка за набавка на трактори. Односно од минатогодишните 30 милиони денари, годинава за оваа намена издвоени се 60,2 милиони денари.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
18.04.2019
Започна аплицирањето по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај. Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.
Agjencia për përkrahje financiare në bujqësi dhe zhvillimit rural informon bujqit se afati për dorëzimin e kërkesave për subvencione për vitin 2019 ka filluar dhe do të zgjasë deri më 30 maj. Në këtë periudhë do të dorëzohen kërkesa për pagesa direkte për prodhimtari bimore dhe të kopshtaris, vreshta dhe pemishte si dhe për prodhim blegtoral dhe atë për mbarështimin e bagëtisë, dele, dhi, bleta, derra, dhe kafshë të therrura në thertore.
македонска верзија | албанска верзија
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
16.04.2019
Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018, денеска исплатени над 27 милиони евра
Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска започна со исплата на субвенции за тутун за реколта 2018- та година. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов, уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
09.04.2019
При крај е рокот за аплицирање за набавка на педигриран приплоден добиток
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите заинтересирани дека во четврток, на 11- ти април завршува рокот за аплицирање по Мерката 121 „Набавка на приплоден добиток. Преку програмата за Рурален развој на располагање се 91 милион денари за набавка на приплоден добиток односно, педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници ( со исклучок на расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.
Претходно за оваа мерка на располагање беа само 14 милиони денари. Со оваа драстично зголемување на средствата, се дава стимул за развој на сточарството во земјава.
[повеќе] |
|
|
Menu
|