|
|
Има
2801
текстови на
401
страни а Вие сте на
32
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
22.03.2019
Нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска и сите директори на надлежните институции од секторот земјоделство, денеска во Велес, одржаа работна средба земјоделците од регионот. На средбата се разговараше за актуелната состојба во земјоделството, проблемите со кои се соочуваат земјоделците, исплатата на субвенциите, како и новите развојни мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за оваа година. Министерот Николовски потенцираше дека МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
21.03.2019
СО ЕВРОПСКИ СРЕДСТВА ОД ИПАРД 2 И ВЛАДИНА ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДУВАМЕ РАЗВОЈ НА ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, градоначалничката на општина Тетово, д-р Теута Арифи и директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ја посетија компанијата „Сентис АГ“ од тетовско Џепчиште, која што претставува успешен пример за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата. Оваа компанија во 2018 година склучи договор за искористување на средства од мерката „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, кои ги инвестираше во набавка на опрема, односно машина за полнење јогурт и два апарати за испитување на квалитет на млеко, со вкупна инвестиција од околу 100 илјади евра. Преку бенефициите кои ги нуди ИПАРД Програмата компанијата направи поврат на 50% од вложените 100 илјади евра.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
19.03.2019
Објавен јавниот повик за доставување на барања за мерките за финансиска поддршка на Локалните акциони групи
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го објави Јавниот повик за доставување барања за користење на средства од мерките за „Воспоставување на локални акциски групи“ и „Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини“, кои се во склоп на Програмата за рурален развој. Локалните акциони групи (ЛАГ-ви) се еден облик на јавно приватно партнерство во кое се вклучени самите земјоделци, земјоделските здруженија, бизнис заедницата и локалните самоуправи. Висината на вкупната финансиска поддршка за двете мерки изнесува 14 милиони денари. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопнаство Љупчо Николовски, посочи дека корисници на поддршката можат да бидат Локалните акциони групи основани согласно член 89 од Законот за земјоделство и рурален развој. Секој ЛАГ поединечно на располагање ќе има максимум 800 илјади денари.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
14.03.2019
Бабовски: Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување на овошни насади, вклучително и за насадите со јаболка
Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано рокот кој го бараа овоштарите.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
12.03.2019
91 милион денари на располагање за набавка на педигриран приплоден добиток
Преку програмата за Рурален развој на располагање се нови 91 милион денари за набавка на приплоден добиток односно, педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници ( со исклучок на расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации. Ова денеска на прес конференција го соопшти директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
[повеќе] |
|
|
Menu
|