СООПШТЕНИЕ
-
17.01.2019
Бабовски: Продолжен рокот за аплицирање за поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција со кредит од домашните банки
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за аплицирање за поврат на средствата за камати за реализирани инвестиции по ИПАРД Програмата со помош на кредити. Новиот краен рок за поднесување на барањата за поврат на каматната стапка е до 15- ти февруари. Рокот се продолжува поради зголемениот интерес од страна на барателите кои во минатиот период, реализирале проекти од ИПАРД 1 и ИПАРД 2 Програмата со помош на кредит. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека оваа можност може да ја искористат сите правни и физички лица кои по 25- ти декември 2016 – та година, користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит. Таквите апликанти, според Бабовски, ќе може да добијат финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години. Помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Македонија за период до 10 години и тоа за инвестиции кои се финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија (ИПАРД).
[повеќе] |