Има 2669 текстови на 382 страни а Вие сте на 4 -та страна

СООПШТЕНИЕ - 25.10.2019



ИСПЛАТЕНИ 195 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ПРЕДАДЕНО МЛЕКО И ЗА ОРИЗОВА АРПА

Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати субвенциите за предадено млеко и за оризова арпа во вредност од вкупно 195 милиони денари.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 24.10.2019



Бабовски : По педесет години за прв пат со средства од Програмата за рурален развој е обновен патот кон Патишка река

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заменик директорот Авдул Селам Селами и градоначалникот на општина Сопиште,Стефче Трпковски, денеска направија увид во градежните активности на трите проекти кои се реализираат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија преку Програмата за рурален развој. Станува збор за реконструкција на делницата Патишка река и село Дражилово, како и реконструкција на три улици во скопското село Долно Соње. Вкупната вредност на проектите е над 26 милиони денари. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски истакна дека со овие проекти Владата преку мерките од Програмата за рурален развој овозможува квалитетни услови за живот на граѓаните и развој на рурален туризам.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 21.10.2019



Бабовски : Почна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко и за заклани и предадени несилки во преработувачки капацитети

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, трета фаза млеко, односно, за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември 2019- та година. Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски најдоцна до 5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 17.10.2019



Преку инфо денови поблиску до граѓаните и потенцијалните инвеститори за искористување на средства од ИПАРД програмата

Заради поголема информираност околу можностите и начинот за аплицирање за добивање на средства од тековниот оглас за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ преку ИПАРД Програмата, ве информираме дека во наредниот период претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, МЗШВ, и Телото за управување со ИПАРД, ќе оддржат инфо денови во повеќе населени места.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 16.10.2019



Преку програмите и мерките ги мотивираме жените да создаваат свои бизниси

Ги мотивираме жените да отвораат бизниси и да ги развиваат средините во кои живеат, рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски, на денешното одбележување на меѓународниот ден на жената од руралната средина. Тој нагласи дека се бележи тренд на пораст на искористеност на средства од страна на жените и тоа во сите програми.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 10.10.2019



Бабовски: Преку мерките од ИПАРД и Националните програми овозможуваме раст и развој на пчеларството

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски денеска во Битола ја отвори манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“. Оваа манифестација се оддржува по 22 – ри пат а секоја година ја организира пчеларското здружение „Нектар“. Директорот, Бабовски во обраќањето истакна дека преку оваа манифестација, здружението „Нектар“ секоја година не потсетува за тоа колкаво е значењето на пчелите за нас, за растенијата, но и за климатските промени и намалувањето на гладот во светот. Истовремено, хранливоста на пчелните производи е до толку специфична, што не може да се добие во фармацевтските лаборатории, токму затоа како што истакна Бабовски, наша цел е да ги заштитиме и да создадеме услови за раст и развој на пчеларството во државава. Растот на бројот на пчелни семејства покажува дека мерките и проектите за пчеларството овозможуваат оваа гранка да се развива.


[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 08.10.2019



Бабовски : На располагање се нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

Сите кои имаат рибници и во период од 1- ви јули до 30 – ти септември насадиле подмалдок, односно, порибителен материјал од сопствено или признаено производство, од денеска ќе може да аплицираат за поврат на 40 % од вредноста на набавениот или на сопствениот подмладок. Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рибарство и аквакултура. Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства е 25- ти октомври 2019 – та година. Ова денеска преку соопштение го информира директорот на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.





[повеќе]

Страна:  << Претходна  1  2  3  4 5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  30  31  32  33  34  35  36  37  38  39  40  41  42  43  44  45  46  47  48  49  50  51  52  53  54  55  56  57  58  59  60  61  62  63  64  65  66  67  68  69  70  71  72  73  74  75  76  77  78  79  80  81  82  83  84  85  86  87  88  89  90  91  92  93  94  95  96  97  98  99  100  101  102  103  104  105  106  107  108  109  110  111  112  113  114  115  116  117  118  119  120  121  122  123  124  125  126  127  128  129  130  131  132  133  134  135  136  137  138  139  140  141  142  143  144  145  146  147  148  149  150  151  152  153  154  155  156  157  158  159  160  161  162  163  164  165  166  167  168  169  170  171  172  173  174  175  176  177  178  179  180  181  182  183  184  185  186  187  188  189  190  191  192  193  194  195  196  197  198  199  200  201  202  203  204  205  206  207  208  209  210  211  212  213  214  215  216  217  218  219  220  221  222  223  224  225  226  227  228  229  230  231  232  233  234  235  236  237  238  239  240  241  242  243  244  245  246  247  248  249  250  251  252  253  254  255  256  257  258  259  260  261  262  263  264  265  266  267  268  269  270  271  272  273  274  275  276  277  278  279  280  281  282  283  284  285  286  287  288  289  290  291  292  293  294  295  296  297  298  299  300  301  302  303  304  305  306  307  308  309  310  311  312  313  314  315  316  317  318  319  320  321  322  323  324  325  326  327  328  329  330  331  332  333  334  335  336  337  338  339  340  341  342  343  344  345  346  347  348  349  350  351  352  353  354  355  356  357  358  359  360  361  362  363  364  365  366  367  368  369  370  371  372  373  374  375  376  377  378  379  380  381  382  Следна >>

Menu