СООПШТЕНИЕ
-
28.06.2018
Исплатени се 89 милиони денари за обештетување на земјоделците од временски непогоди
Денеска исплатени се 89 милиони денари за ланските штети од временските непогоди, од нив над 25 милиони денари се легнати на сметките на лозарите од Неготино и Кавадарци. Оваа вест денеска на трибина во Кавадарци, на земјоделците им ја соопштија министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци Тони Делков, како и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов. Министерот Николовски, рече дека трибината со лозарите од Тиквешкиот регион се одржува на еден месец пред бербата на годинешното грозје, се со цел навреме да се планира откупот на годинешниот род. Ваков тип на средба министерот Николовски одржа и со винарските визби.
[повеќе] |