Има 2624 текстови на 375 страни а Вие сте на 5 -та страна

ЈАВЕН ОГЛAС - 14.05.2019






Врз основа на член 22, став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018), а во согласност со член 22, став 1, точка 1 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008...120/2018), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува ЈАВЕН ОГЛAС за вработување на 28 извршители на определено време .


македонска верзија | албанска верзија

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 13.05.2019





Објавен тендерот за субвенционирана „зелена нафта“ за земјоделците

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на електронскиот систем за јавни набваки, Бирото за јавни набавки го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација.
Оваа јавна набавка е согласно планот за јавни набваки на Платежната агенција и по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Претходно, согласно процедурите, беше објавен техничкиот дијалог на којшто сите заинтересирани компании имаа можност да ја разгледаат тендерската документација и да дадат забелешки доколку имаат. Право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица – понудувач кои се регистрирании за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Рангирање на понудувачите ќе се врши според висината на понудените цени.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 02.05.2019






АФПЗРР: Почна аплицирањето за субвенции за прва фаза произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, прва фаза, односно, за произведено и предадено млеко во месеците октомври, ноември, декември 2018- та година. За прв пат барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски или оние фармери кои имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството најдоцна до 16- ти мај 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено млеко овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.



[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 30.04.2019



АФПЗРР: До крај на мај земјоделците ќе може да конкурираат за набавка на трактори

Од денеска до крај на месец мај, земјоделските стопанства ќе може да конкурираат за добивање на средства за набавка на трактори. Овој повик се реализира согласно тековните и планирани рокови по програматата за рурален развој.
Вкупните прифатливи трошоци по поединечен корисник за набавка на трактор изнесуваат до 3.500.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво. Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Но, процентот на ко-финансирање се зголемува на 55% од вредноста на инвестициите доколку носителот на земјоделско стопанство е млад земјоделец (од 18 до 40 години старост ). 60 отсто кофинансирање е предвидено доколку инвестицијата се реализра во подрачје со ограничени можности, 65% кофинансирање од вкупната вредност се доделува за инвестиции поднесени од млади земјоделци чии што земјоделски стопанства се наоѓаат во подрачје со ограничени можности и 75 % кофинансирање е предвидено за инвестиции во недостапни рурални заедници.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски информира дека оваа година во Програмата за рурален развој двојно е зголемена вкупната финансиска поддршка за набавка на трактори. Односно од минатогодишните 30 милиони денари, годинава за оваа намена издвоени се 60,2 милиони денари.


[повеќе]

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година - 30.04.2019






Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година .


македонска верзија | албанска верзија
[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 18.04.2019



Започна аплицирањето по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај. Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Agjencia për përkrahje financiare në bujqësi dhe zhvillimit rural informon bujqit se afati për dorëzimin e kërkesave për subvencione për vitin 2019 ka filluar dhe do të zgjasë deri më 30 maj. Në këtë periudhë do të dorëzohen kërkesa për pagesa direkte për prodhimtari bimore dhe të kopshtaris, vreshta dhe pemishte si dhe për prodhim blegtoral dhe atë për mbarështimin e bagëtisë, dele, dhi, bleta, derra, dhe kafshë të therrura në thertore.



македонска верзија | албанска верзија




[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 16.04.2019



Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018, денеска исплатени над 27 милиони евра

Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска започна со исплата на субвенции за тутун за реколта 2018- та година. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов, уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.

[повеќе]

Страна:  << Претходна  1  2  3  4  5 6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  30  31  32  33  34  35  36  37  38  39  40  41  42  43  44  45  46  47  48  49  50  51  52  53  54  55  56  57  58  59  60  61  62  63  64  65  66  67  68  69  70  71  72  73  74  75  76  77  78  79  80  81  82  83  84  85  86  87  88  89  90  91  92  93  94  95  96  97  98  99  100  101  102  103  104  105  106  107  108  109  110  111  112  113  114  115  116  117  118  119  120  121  122  123  124  125  126  127  128  129  130  131  132  133  134  135  136  137  138  139  140  141  142  143  144  145  146  147  148  149  150  151  152  153  154  155  156  157  158  159  160  161  162  163  164  165  166  167  168  169  170  171  172  173  174  175  176  177  178  179  180  181  182  183  184  185  186  187  188  189  190  191  192  193  194  195  196  197  198  199  200  201  202  203  204  205  206  207  208  209  210  211  212  213  214  215  216  217  218  219  220  221  222  223  224  225  226  227  228  229  230  231  232  233  234  235  236  237  238  239  240  241  242  243  244  245  246  247  248  249  250  251  252  253  254  255  256  257  258  259  260  261  262  263  264  265  266  267  268  269  270  271  272  273  274  275  276  277  278  279  280  281  282  283  284  285  286  287  288  289  290  291  292  293  294  295  296  297  298  299  300  301  302  303  304  305  306  307  308  309  310  311  312  313  314  315  316  317  318  319  320  321  322  323  324  325  326  327  328  329  330  331  332  333  334  335  336  337  338  339  340  341  342  343  344  345  346  347  348  349  350  351  352  353  354  355  356  357  358  359  360  361  362  363  364  365  366  367  368  369  370  371  372  373  374  375  Следна >>

Menu