за објавување на Јавен повик 01/2015 за доставување на барања за
користење на средства од петтата компонента на Инструментот за
претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија
(ИПАРД Програмата 2007-2013)
Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во текот на втората половина на месец јануари 2015 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година).
По успешната реализација на одобрените инвестиции, шест корисници кои потпишаа Договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по осмиот Јавен повик (01/2013), добија средства од ЕУ фондовите за рурален развој.
[повеќе]
Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07 и 5/09), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.07/2014 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.
Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/2007 и 5/2009), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.06/2014 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција) ги известува сите заинтересирани субјекти за поднесување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година дека рокот за нивно доставување се продолжува до 12.11.2014 година.