СООПШТЕНИЕ
-
26.06.2020
Министерот Димковски и директорот Бабовски, денеска во Кочани одржаа работен состанок со претставници на Здружението „Бело злато“
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев одржаа работен состанок со претставници на Здружението „Бело злато“. На овој состанок се разговараше за актуелни прашања од реализацијата на програмите на ресорното министерство, беа разменети предлози и искуства со цел секоја реколта да биде подобра од претходната. „Ова беше еден конструктивен разговор за се досега што беше сработено и сите планови што допрва ни претстојат, најголем дел од состанокот разговаравме за делот како подобро да сме подготвени за пријавувањето на субвенциите , во време на пандемија “-изјави министерот Димковски
[повеќе] |