ЈАВЕН ПОВИК бр.11/2022 - 24.09.2022






Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/07, 5/09 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.11/2022

за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година


македонска верзија | албанска верзија

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 22.09.2022




Бачовски : Исплатени субвенции за маторици, амортизирани несилки, пчелни матици и добиено теле по пат на В/О

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата за повеќе мерки.

[повеќе]

ИЗВЕСТУВАЊЕ - 21.09.2022






Од денеска до 31- ви октомври сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со: пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над 1 хектар и оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети а воедно оствариле принос најмалку од 4.000 кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, рж и овес и 1.500 кг/ха за сончоглед, ќе можат да аплицираат за дополнителнна финансиска поддршка.
Висината на дополнителната финансиска поддршка е 5.760 денари по хектар.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет.

Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 21.09.2022




АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на повеќе мерки од програмата за директни плаќања.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 13.09.2022




Бачовски : Исплатени субвенциите за грла овци, користен сертифициран материјал и одгледани и заклани гоеници

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата на 3 мерки од програмата за директни плаќања.
На сметките на 2.984 лица се исплатени 682.864.200,00 денари за обележани грла овци од сите категории , додека кон близу 8.000 лица се исплатени 229.001.820,00 денари за пријавени површини со задолжителна употреба сертифициран семенски материјал. Реализирана е и исплатата за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети кон 136 лица со во висина од 150 милиони денари.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 06.09.2022





АФПЗРР: Исплатени 62.201.000,00 денари за обележани грла кози


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ директни плаќања за обележани грла кози. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози.

Вкупната сума на исплатени средства е во висина од 62.201.000 денари кон близу 1.700 лица .

[повеќе]

ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2022 - 05.09.2022






Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2. септември 2022 година објавува

ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2022

за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”” од ИПАРД Програмата 2014-2020 (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 167/2022) Во дел 1, точка 4, текстот:

,,Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува: 5.028.568,00 евра или 310.237.491 денар, со можност истата да се зголеми за времетраење на јавниот повик.“ Се менува и гласи:

“Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува: 5.785.728,63
евра или во денарска противвредност 356.806.407,00 денари.“

[повеќе]

ЈАВЕН ПОВИК бр.10/2022 - 27.08.2022






Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ("Службен весник на Република Македонија" бр.72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18) и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.10/2022

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година


македонска верзија | албанска верзија

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 17.08.2022







АФПЗРР : Исплатени субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.


[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 01.08.2022




Од денеска до 31- ви август сите оризопроизводители кои во производната 2021 година имале засеани површини со ориз и за истите оствариле право на финансиска поддршка ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за оризовата арпа која ја предале во регистрирани капацитети за откуп во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.
Исто така од денеска до 31- ви август сите производители на јаболко кои во 2021 година оствариле право на финансиска поддршка за одржување на површини со јаболко ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за продадени јаболка во регистрирани преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.

[повеќе]

Вести и Архива

Menu