ИЗВЕСТУВАЊЕ - 12.03.2010 во 10:27



На 02 март 2010 година, специјалниот претставник на Европската Унија и шефот на Делегацијата на Европската Унија, г-дин Ерван Фуере и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г-дин Васко Наумовски го потпишаа Финансискиот договор за компонентата ИПАРД 2007-2010 од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во рамки на Европската Унија. Договорот овозможува имплементација на активностите кои ги поддржуваат инвестициите за земјоделско производство, обработка и маркетинг, како и диверзификација и развој на руралното стопанство и истиот изнесува 42 милиони евра. Имплементацијата на ИПА компонентата за рурален развој ќе претставува процес на учење по пат на искуство, што ќе и овозможи на земјата целосно да ги искористи огромниот број средства кои се наменети за руралниот сектор во рамки на заедничката земјоделска политика (CAP) по нејзиното пристапување во Унијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu