|
|
ОГЛАС ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ
-
08.11.2010
во
16:09
|

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува
ОГЛАС за ангажирање на волонтери објавен на 08.11.2010 година
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има потреба од ангажирање на 16 волонтери.
Лицата ќе бидат задолжени за извршување на наједноставните административни работи во секторите во кои ќе бидат распоредени.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- VII/1 степен на образование од полето на општествени науки, биотехнички науки и техничко - технолошки науки,
- активно познавање на англиски јазик,
- познавање на работа со компјутери.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV) во електронска форма на e-mail: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk
Рокот за аплицирање изнесува 3 дена од денот на објавување на огласот. |
|
|
Menu
|