ЈАКНЕЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ХРВАТСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ИПАРД АГЕНЦИЈА - 03.01.2011 во 15:39



Се зајакнува соработката меѓу хрватската и македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, заедно со претставници од Телото за управување со ИПАРД и ИПАРД Агенциите од земјите-кандидати кориснички на ИПАРД-Хрватска и Турција, на 13.12.2010 во Скопје учествуваа на работилница на тема “Комуникација и публицитет: алатки, методи и задачи на тимовите за публицитет за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД)“. Целта на работилницата беше да се подобри апсорбцијата на средства од ИПАРД Програмата преку подобро информирање на јавноста и потенцијалните корисници. Работилницата е организирана од страна на Инструментот за Техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската Комисија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
Во текот на дводневниот престој во Скопје, директорот и други претставници на хрватската ИПАРД Агенција одржаа состанок со претставниците на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
На овој билатерален состанок договорено е јакнење на досегашната соработка и размена на искуства на полето на користење на средства од претпристапната помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) , како и проширување на постоечката соработка врзана со подготовка и воспоставување на систем за користење на пост пристапни ЕУ средства наменети за земјоделството и руралниот развој, каде искуството на хрватската ИПАРД Агенција со воспоставениот АРКОД и целокупниот ИАКС систем можат да бидат од голема помош за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu