ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 23.03.2011 во 11:48


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.
По успешната реализација на инвестицијата систем за наводнување капка по капка, замена на стар овошен насад со нов и набавка на атомизер, средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој се исплатени на корисникот Малеш Бреза ДООЕЛ од Берово.
На корисникот му се исплатени вкупно 1.119.590,50 денари, од кои 839.693,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 279.897,50 денари се средства од буџетот на РМ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu