ИЗВЕСТУВАЊЕ - 11.04.2011 во 13:58




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува потенцијалните баратели на средства од ИПАРД Програмата дека крајниот рок за поднесување на барања за користење на средства од третиот јавен повик за ИПАРД трае заклучно со 14.04.2011 година (четврток).

Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата и потребаната документација, барателите на средства треба да ја достават во утврдениот рок во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu