|
|
ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА
-
10.10.2011
во
14:45
|

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека од 12 октомври до 5 ноември започнува аплицирањето за директни плаќања за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети и за производство на сертифициран семенски и саден материјал.
Воедно отпочнува и поднесувањето на барања за директни плаќања за заклани говеда, гоеници, бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети, за набавка на приплодни грла овци, кози, јуници, свињи, набавка на матици, како и за производство на бројлерски пилиња и пилиња од јајценосни хибриди.
Исто така до 05 ноември млекопроизводителите можат да поднесат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани млекарници во период од 1 мај до 30 септември.
Во периодот од 12 октомври до 15 ноември барања можат да поднесат лозарите за произведено и продадено грозје во регистрирани домашни винарски визби.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. |
|
|
Menu
|