ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 19.03.2012 во 14:56



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешна реализација на одобрената инвестиција уште еден корисник доби средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 24.596.299,00 денари на корисникот Бонум Плус ДООЕЛ од Гази Баба за набавка на опрема за подобрување и модернизација на производствените технологии во капацитетите за преработка на овошје и зеленчук во Старо Нагоричани.

Од вкупно исплатените средства, 18.447.224,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 6.149.075,00 денари се средства од буџетот на РМ.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu