ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 09.04.2012 во 11:34



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата. По успешната реализација на инвестициите уште два корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 116.265,00 денари на корисникот ДПТТ Транс Трејд Ванчо ДООЕЛ од Градско за Обновување на постоечки лозови насади .

Од вкупно исплатените средства, 87.198,50 денари се средства од буџетот на ЕУ и 29.066,50 денари се средства од буџетот на РМ.

За Инвестиции за изградба и обновување на објекти за воспоставување и модернизација на собирни центри за млеко на корисникот Млекара Мики ДОО од Прилеп исплатени се вкупно 4.085.439,50 денари со износ на национално кофинансирање од 1.021.360,00денари и ЕУ дел 3.064.079,50 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu