ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 03.07.2012 во 14:18



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите уште пет корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 2.145.775,00 денари на корисникот ДПТУ Млечна индустрија Осогово-Милк од Чешиново-Облешево за инвестиции во модернизација и технолошко осовреме-нување на специјализираните капацитети за преработка на млеко.

Од вкупно исплатените средства, 1.609.331,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 536.444,00 денари се средства од буџетот на РМ.

За инвестиции за обновување на постоечки овошни насади исплатени се корисниците Ацо Симоноски од Ресен со вкупно 184.500,00 денари од кои национално кофинансирање од 46.125,00 денари и ЕУ дел 138.375,00 денари.
Корисникот ИЗ Милош Кецоевиќ од Валандово 201.339,50 денари од кои 151.004,50 денари се ЕУ средства и 50.335,00 денари национално кофинансирање и корисникот ИЗ Илче Шушевски од Ресен е исплатен 202.950,00 денари и тоа 152.212,50 денари од ЕУ и 50.737,50 денари од националниот буџет.

Корисникот Ројал 08 ДООЕЛ од Свети Николе пак е исплатен 1.504.708,50 денари за обновување на постоечки лозови насади. Од вкупно исплатените средства, 1.128.531,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 376.177,50 денари се средства од буџетот на РМ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu