ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ - 21.02.2014 во 13:14



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува млекопроизводителите дека во тек e поднесување на барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2013 година.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15% за млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.
Барањата се поднесуваат до 30 април 2014 година во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.
Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu